Екипите на ЕВ се соочуваат со нови блокади и протести во липковското село Слупчане, откако се обиделе да постапат според договореното од претходно за поставување на броилата надвор од куќите.
Како што објави порталот 360 Степени, жителите не им дозволуваат на екипите на ЕВН да влезат во селото блокирајќи го пристапниот пат. Тие се противат на обидот на ЕВН да ги извади броилата од домовите и да ги постави надвор пред куќите, за да може да има контрола врз нив и да спречи злоупотреба на мрежата и крадење струја.
Ова е вторпат жителите на Слупчане да не им дозволуваат екипи на ЕВН да влезат во селото по неколкудневната блокада што се случи неодамна, кога жители на селото го искинаа главниот кабел и предизвикаа сериозен дефект кој ги остави без струја не само Слупчане, туку и трите соседни села.
Безбедност на екипите ЕВН и влез во селото тогаш им гарантираа министерот за економија Крешник Бектеши и градоначалникот на Општина Липково, Еркан Арифи, кои се договорија со жителите на Слупчане да не го попречуваат отстранување на дефектот на електричната мрежа. Освен тоа, беше догорено да се започне со поставување нови броила кои ќе овозможат точно мерење на потрошената струја.
Видеото може да го отворите ТУКА.