Изминатата зима убавата фолк пејачка Анастасија Петреска заврши со моминскиот живот кога нејзиниот сакан Владимир и го даде свршеничкиот прстен.

За свадба се уште не откриле детали кога и каде ќе се случи, но претпоставуваме дека и тоа ќе биде набрзо.

Во месец март атрактивната пејачка ја раситни четвртата животна деценија, роденден кој го прослави како свршена дама која само што не го добила префиксот госпоѓа.

Оттогаш поминаа неколку месеци, а Анастасија која важи за една од најбујните млади пејачки на фолк естрадата, поприлично заслебела.

Диета или бурен предбрачен живот, не знаеме, но според најновата фотографија, таа изгледа поразлично.

Или пак можеби се подготвува да биде ултра згодна и фит невеста?