Јас немам информации дали по хакерскиот напда врз Фондот за здравствено осигурување (ФЗО) бил побаран откупи и дали тој бил исплатен, изјави вечерва министерот за финансии Фатмир Бесими кој бепе гсотин во ТВ 24.
Бесими се осврна на проблемите што беа создадени со хакерскиот напад врз ФЗО и рече дека нема добиено информација во врска со наводите кои се појавија во јавноста дека хакерите побарале откуп за да ги вратат податоците кои ги украле во сајбер нападот врз ФЗО.
– Системот (на ФЗО) беше нападнат, од кои причини мотиви дополнително ќе биде објаснето. Последното решение е што фондот изнајде начин како да ги исплати платите, при што гледавме и опции директно од трезорот да се платат на вработените. Тоа беше систем на премостување, рече Бесими.
Тој потенцира дека треба да се внимава со изјавите:
– Во период на хибдридни војни, ние работиме на безбедноста на системот на трезорот. Сите треба да сме внимателни во изјавите. Немам информација за откупот, а службите ќе кажат дали тоа се класифицирани информации. Ако јас имам сертификат за државна тајна, доколку има такво нешто, јас имам пристап, но немам добиено такви информации, додаде министерот Бесими.