Финансиска поддршка за задржување на работните места, бескаматни кредити со грант компонента и државна гаранта шема за полесно земање кредити од комерцијалните банки се дел од мерките од новиот, четврт пакет. Мерките во новиот пакет ќе имаа подобро таргетирање, односно ќе соодвествуваат на погоденоста на субјектот од кризата и воедно ќе се водат според начелото за транспарентност, вели во неделното интервју за Радио Слободна Европа министерот за финансии Фатмир Бесими.
-Дел од постојните мерки кои што функционирале досега и давале ефекти ќе продолжат, дел од нив ќе се редизајнираат, за да се зголеми нивната ефикасност. Новите мерки ќе бидат транспарентни, ќе бидат потаргетирани и ќе бидат поедноставни за имплменетација. Тоа што било поддршка на фирмите за задржување на бројот на вработени, мерките кои биле користени досега ќе се редизајнираат во поглед на подобро таргетирање. Тие кои имале поголем импакт кај нив ќе се реагира со поголема поддршка, вели Бесими.
Тој посочува дека ќе се продолжи со сетот на мерки за поддршка на здравството и социјално загрозените граѓани преку кредитот од Светска банка кој веќе помина во Влада овие денови и е пред собраниска процедура во износ од 90 милиони евра.
-Исто така, со Европската инвестициска банка веќе се работи на нова транша за поддршка на стопанството со поповолни каматни стапки. Гарантна шема за приватниот сектор, државата преку оваа шема ќе помогне со гаранција за да се намалат трошоците на фирмите кои сега со оглед на ситуацијата не можат да бидат квалификувани за кредитирање со тоа што со гаранција на државата ќе им се овозможи на тој дел на фирми да можат да аплицираат и да го пребродат овој период. Средствата кои одат од Европска унија, првата транша во износ од 80 милиони евра што беше за макрофинасиска поддршка околу 31 милион евра ќе одат за стопанството преку бескаматни кредити со грантови за жени стопанственици или за млади кои имаат иновативни решенија за инвестиции, иновации и развој – рече Бесими.
За финансирањето на четвртиот пакет на мерки, вели дека веќе се прават прераспределби во буџетот, односно ребаланс, а согласно големината на пакетот може да има и повлекување нови средства за финансирање, односно проширување на буџетскиот дефицит, вели Бесими.
Во однос на најавите дека ќе се воведе поддршка за вработувања во приватниот сектор, Бесими вели дека квалитетот ќе биде пресуден за вработување на пазарот на труд, но и дека ќе се промовираат различности.
– Идејата на ова е како што постојат вакви вредности во Европска унија, диверзитетот да биде една од вредностите. Како што има во светските глобални компании, како што денес еден Гугл во кој главен извршен директор е од Индија, така и тука диверзитетот ќе биде само позитивна вредност во нашата економија и тоа да произлезе и од потребите на пазарот. И мислам дека и во соработка со бизнис заедницата тоа може да биде само еден нормален процес согласно квалитетот и пазарните принципи, а со оглед на тоа владата со поддршка за промоција на диверзитетот, кои се вредности во Европска унија, за која ние имаме цел да станеме дел од тоа , вели Бесими.