Сега слушам од вас, изјави министерот за финансии Фатмир Бесими, по објавите дека Владата во време на криза ќе троши околу 20 илјади евра за октоподи и други морски плодови.

Бесими тврди дека немал информации за оваа набавка од страна на Владата.

– Тоа што го прави секоја институција, е резултат на транспарентност, а сите нека зборуваат за што се работи. Немам детали, сега слушам од вас, можете слободно да ги прашате надлежните институции, рече Бесими.

Инаку, информацијата за која првпат слушнал министерот Бесими, јавноста знае веќе неколку дена.