Македонскиот министер за финансии Фатмир Бесими за најавите дека ќе се воведе поддршка за вработувања на Албанци во приватниот сектор, во интервјуто за Радио Слободна Европа вели дека „квалитетот ќе биде пресуден за вработување на пазарот на труд, но и дека ќе се промовираат различности“.

– Идејата на ова е како што постојат вакви вредности во Европска унија, диверзитетот да биде една од вредностите. Како што има во светските глобални компании, како што денес еден Гугл во кој главен извршен директор е од Индија, така и тука диверзитетот ќе биде само позитивна вредност во нашата економија и тоа да произлезе и од потребите на пазарот. И мислам дека и во соработка со бизнис заедницата тоа може да биде само еден нормален процес согласно квалитетот и пазарните принципи, а со оглед на тоа владата со поддршка за промоција на диверзитетот, кои се вредности во Европска унија, за која ние имаме цел да станеме дел од тоа, вели Бесими.