Поради проблемите со снабдувањето и високите цени на лековите во Бугарија, стотици Бугари од пограничните места патуваат во Македонија за да купуваат медикаменти што им недостасуваат во домашните аптеки, пренесуваат бугарските медиуми.
– Градот Делчево е на само 15 километри од границата и 30 минути возење од Благоевград. Во последните месеци тамошните фармацевти читаат се повеќе бугарски рецепти. Знаат за проблемите со недостигот на лекови кај нас. Во македонската аптека Бугаринот обично е дарежлив. Тој купува повеќе бидејќи лековите се поевтини, иако тоа не е секогаш случај. Најчесто се бараат лекови против главоболки, симптоми на грип и висок крвен притисок, пишува Нова ТВ.
Бугарите што доаѓаат во Делчево, како што се посочува, никогаш не се враќаат само со лекови, туку секогаш носат вреќа со прехранбени производи набавени од локалните трговци.
Македонците и граѓаните на Македонија ќе се посетат дека една од паролоите со кои бевме убедувани од власта на поранешниот премиер Зоран Заев да си го смениме уставнто име беше и „за членство во ЕУ бесплатни здравствени услуги во цела Европа“.