Богдан ИЛИЕВСКИ
Без непотребно украсени објаснувања, сакам да скренам внимание на еден проблем кој сигурно го имаат многумина – и можеби ако се собереме повеќемина и да си го решиме по легален пат, ако за тоа имаме право.
Пред 14 дена фрижидерот купен пред неполни 5 години во Neptun од брендот Beko престана да работи. По сугестија на сервисери на Беко, го оставив 24 часа невклучен во струја за во случај да се провери дали некое делче кое знаело да замрзне, не замрзнало, па така да проработи. После 24 часа го вклучив, утредента повторно истиот резултат – не работеше.
Имајќи предвид дека имам гаранција од 5 години (истекнува на 30 септември 2024), на 27 јуни 2024 отидов физички во СЕРВИС МАКЕДОНИЈА (овластениот сервисер за Беко и други брендови) каде пријавив дефект, го опишав истиот и замолив во прибелешка да стои дека имам две мали деца, со надеж дека реакцијата ќе е побрза (од аспект на тоа дека доколку би немал деца не значи дека не ми треба фрижидер, но потребите од фрижидер со мали деца се значително поголеми).
Од вработената госпоѓа ми беше кажано дека ќе ја внесе прибелешката, но и ми посочи дека „е лето, а на лето климите и фрижидерите се главен проблем“, како и дека има гужва во сервисирањето, но… ќе ми се јават кога ќе дојдам на ред.
После 8 дена се јавив телефонски да прашам зошто 8 дена никој НЕ НИ ДОШОЛ да се увери и провери во што е дефектот, пред истиот да започне да се отстранува (или да ми дадат нов фрижидер ако е непоправлив дефектот), при што ми беше повторно кажано истото: лето е, гужва е, фрижидерите и климите се расипуваат, кога ќе дојдам на ред ќе ми се јават.
Па после 12 дена сакам јавно да прашам дали е НОРМАЛНО 12 дена овластен сервисер во гарантен рок да не изврши прв чекор, утврдување на дефект, после кој сигурно ќе следи доооооолго чекање на поправката (БИДЕЈЌИ НЕЛИ Е ЛЕТО И СЕ РАСИПУВАЛЕ ФРИЖИДЕРИ!)?
Што сум јас крив, требаше да го замолам фрижидерот на есен да се расипе или на зима, за да нема гужва и да дојдат побрзо?
Каков е тој овластен сервис кој оперира или со толку мал број мајстори кои не можат да извршуваат операции промптно? Или каква е таа компанија која продава продукти кои толку многу се расипуваат, што и многуте мајстори на Сервис Македонија не може да постигнат?
Не е ова „луксуз“ како телевизор (ако телевизорот може да се нарече луксуз), па лесно да можеме без него (нема да гледаме телевизија, на пример, не се умира, имаме мобилни и лаптопи). Се работи за апарат во домаќинството во кој се чува храна. Не може да не чуваме храна во домот, нели?
12 дена на лето без да дојде никој и да провери што се случува со јебениот фрижидер е криминал. И одговорите на овие прашања ќе ги побарам преку здруженијата задолжени за потрошувачките права – а можеби, ако има основ, и на друго место.
За истото ќе се обратам и официјално и до компанијата Беко, имајќи предвид дека сервисерите и ја рушат репутацијата. Нептун сметам дека се известени преку овој пост.
Во моментов дома имам 2 мали позајмени фрижидери. Жив се човек на све навикне, како што знае да укаже големата светска филозофкиња Светлана Величковиќ од Житораџа, Србија. Ама мислам дека ваквите сервиси премногу се навикнале на ќути-трај односот од муштериите.
бетмеПа затоа ги поканувам сите со слични искуства да се обратат и да си ги побараме правата заедно. Бидејќи ова е ненормално, а ненормалното не смее да се нормализира.