Меѓу новите згради кои се вишат во Скопје на улицата Багдадска во Тафталиџе се гради нова зграда веднаш до соседната, објави ТВ Сител.

Балконите помеѓу новата и претходно изградената зграда се толку блиску, што соседите ќе може да си „прескокнуваат од балкнот на едната на балконот на другата зграда“.

Слична џунгла од згради се подига и во скопски Аеродром. Шарените револуционери и паркобрани сега ги нема никаде, да го бранат Скопје од уништувањето на дрвја и зеленило за подигање на згради и да ги „бранат граѓаните“ од „ѕверовите во бетонската џунгла“.

А не така одамна, шарените паркобрани и шарените револуционери, „глава ќе му пресечеа“ на поранешниот градоначалник на Скопје за неколку стари пресечени дрвја.