Откако беше изграден паркот на најгушканиот ГТЦ во Скопје, сега се гради парк на покривот на Домот на градежниците, трет парк на покрив ќе биде на ТЦ Мавровка.

Најавата за разеленување на Скопје со третиот парк на покрив преку „Фејбук“ ја соопшти градоначалникот Петре Шилегов, кој со колегата од Чаир, Висар Ганиу, денеска требаше да го означат стартот на работите, а во тоа ги спречи дождот и најавената прес-конференцијата за овој настан беше откажана.

– Покривот на Мавровка набрзо ќе биде трет и најголем зелен покрив во Скопје, најави Шилегов.

За тие што не се информирани, паркот ќе биде на покривот од трговскиот центар за кој лани со месеци никој не беше надлежен за дивоградбата, меѓу кои за ненадлежен се изјасни и Шилегов. Сепак, под притисок на јавноста, дивоградбата беше урната, а сега на истото место се подига нова градба.