Додека поголемиот број од луѓе се трудат да ги изгубат килограмите, една девојка од Австралија тврди дека среќата ја пронашла кога добила плус килограми.

Анализ Ган е денес е познат австралиски „плус сајз“ модел. Анализ нагласува дека е среќна и задоволна со своето тело, но не било секогаш така.

За разлика од поголемиот број „плус сајз“ модели кои од мали се со полничка градба, Анализ пред пет години била премногу слаба, а тоа било со помош на изгладување како би го постигнала тоа.

На Инстаграм таа објави фотографија стара пет години, на која изгледа страшно слаба, а на своите следачи им кажа дека тоа била најлошата доба од нејзиниот живот. Како што вели таа живеела на кафиња и на салати.

-Оваа девојка лево беше вечно гладна, незадоволна и болна. Беше сирота. Слабо не значи среќно, напиша Анализ, која денес има бујна линија, но со неа е задоволна. Јаде нормално и е потполно здрава.

Поради својата приказна стана Инстаграм ѕвезда со скоро 100.000 следачи. На своето тело денес заработува и радо позира во костуми за капење.