Реџеп Таип Ердоган победи на претседателските избори во Турција и уште во првиот изборен круг избори нов претседателски мандат, овој пат со многу поголеми овластувања, покажуваат првичните неофцијални резултати.

Со пребројани 73 проценти од гласачките ливчиња, Ердоган освоил 53,9 проценти, додека неговиот конкурент Мухарем Инце 30,1, што значи нема да има втор круг гласање, иако според сите претходни анкети се очекуваше нивен дуел во прегласувањето.

Што се однсува до парламентарните избори, кои денес беа паралелно спроведни, и тука води партијата на Ердоган – АКП има освоено 43,7 отсто (297 седишта), додека ЦХП на Инце 21,9 (142 седишта), „Добра партија“ на Аксенер 9,9 (45 седишта) и про-Курдската ГДП со 10,4 исто така влегува во парламентот со 65, а коалицискиот партнер на Ердоган, националистите од МХП освоиле 11,5 проценти, односно 51 седиште.

Иако АКП ги доби изборите, сепак же мра да ја чува колаицијата со МХП за да има мнозинство во парламрнтот.

Опозициските партии уште не му честитале на Ердоган, имаат најави дека ќе ги предизвикаат изборните резултати, иако од странство веќе стигнаа првите честитики до турскиот претседател – неговиот колега од Азербејџан, Илхан Алиев и унгарскиот премиер Виктор Орбан.