Дел од корисниците од улиците „Никола Петров“, „Груица Војвода“ и „Македонска бригада“ во општина Бутел денеска од 7.55 до 9.55 часот ќе останат без електрична енергија.

Како што соопшти Регионалниот центар за управување со кризи, по известување добиено од ЕВН Македонија АД, од 8.30 до 11 часот струја ќе немаат корисниците од ул. „Гвадалахара“ лоцирани покрај гробиштата Бутел, како и корисниците од ул. „Македонско-косовска бригада“ – улица 42 во општина Шуто Оризари.

Од 9 до 13 часот електрична енергија ќе немаат ни корисниците од улиците број „10“ и „521“ во село Кадино во општина Илинден и од 10.15 до 12.15 часот – дел од корисниците од улиците „Бетовенова“ и „Адем Кастрати“ во општина Бутел.