Повеќе од две недели нема имунолошка терапија за болните од карцином на скопската Клиника за онкологија, објави „Фокус“.

Според информаците на медиумот, пациентите кои ја чекаат оваа терапија се уште не ја примиле.

Најверојатно станува збор лошо испланирана набавка, што на некој начин им го загрозува животот на сите оние болни од оваа подмолна болест, чија терапија е неопходна. Имунолошкта терапија се прима на секоја трета недела.

„Јас имам карцином на дојка и треба да ја примам имунолошката терапија, која моментално ја нема на клиниката. Ние како пациенти не знаеме која е точната причина зошто ја нема неопходната терапија и не наше да знаеме, но факт е дека е многу битна.

Овој вид на терапија може да се задоцни најмногу седум дена, а јас веќе 14 дена како доцнам со примањето“, објаснува пациентка во изјава за „Фокус“.

Во зависност од тоа, за каков вид на карцином се работи, онкологот кој ги води пациентите после завршувањето на хемотерапијата и зрачењето одредува дали ќе продолжи со примање на нова терапија и дали тоа ќе биде имунолошка и колку пати треба да се прима. Овој вид на терапија се прима во форма на инекција.

Целиот текст прочитајте го на Фокус