Без вода за пиење во текот на утрешниот ден ќе останат делови на скопската територија, соопштија попладнево од Јавното претпријатие „Водовод и канализација“ – Скопје.

Како што се појаснува во соопштението, поради уличен дефект, вода ќе немаат корисниците на дел од улиците Рајко Жинзифов, Владимир Полежиновски, Стефан Јакимов – Дедов и Борка Талевски.

Предвидено е водоснабдувањето да биде прекинато од осум часот до завршување со работните активности.