Безглутенската исхрана станува се попопуларна, а многумина веруваат дека избегнувањето на леб, тестенини и колачи може да помогне во зголемувањето на енергијата и губењето на килограми. Сепак, една нова студија покажа дека таквата исхрана создава нездрава опсесија на константна контрола на телесната тежина.

Истражувачите на Универзитетот во Минесота откриле дека луѓето кои се на безглутенска исхрана, имаат полоша слика за себе и поголема е веројатноста дека да почнат да пушат.

За истражувањето, истражувачите анализирале повеќе од 1.800 возрасни лица на возраст од 20 до 36 години, а околу 13 проценти од испитаниците изјавиле дека избегнуваат секојдневна храна со глутен.

Врз основа на овие информации, истражувачите откриле дека токму овие луѓе се трипати повеќе загрижени за телесната тежина од другите и посегнуваат по нездрави методи за да ги контролираат килограмите. На пример, користат таблети за губење на тежината,  пушат и друго.

Затоа, д-р Нејмарк-Стајнер ги советуваше луѓето да не бидат на таква исхрана, освен ако тоа не е од медицински причини.