Најпозната и единствена „вистинска“ прва дама е Меланија Трамп. Кога сопругите на лидерите на земјите од просторот на поранешна Југославија се појавуваат во јавност?

Од „балканска Хилари Клинтон“ и живот под светла на рефлектори, до повлечени жени и мајки кои се појавуваат само во протоколарни прилики, балканските сопруги на лидерите различно го трасираат патот.

Заедничко им е дека на фотографиите се насмеани и беспрекорно облечени. Го делат и сјајот и товарот на славата на нивните сопрузи, а тоа, главно, не го бирале, објави Би-Би-Си.

Албанија

Линда Рама, сопруга на албанскиот премиер Еди Рама, дипломирала економија на Универзитетот во Тирана. Во 90-те години ја напуштила земјата и мастер студиите ги завршила во Њујорк и Прага.

По враќањето во Албанија, работела во државна служба, меѓу другото во текстилен комбинат  и во Агенцијата за приватизација. Денес е посветена на активизмот.

Неодамна во едно интервју изјавила дека „жените се херои на нашето време“.

Жените кои живеат во сиромаштија, според неа, спонтано се повеќе претпазливи.

– Само им треба можност, шанса и подадена рака да го дофатат се она за што сонуваат и на што се надеваат, порачува Рама.

Босна и Херцеговина

Додека Линда Рама се појавува само во ретки протоколарни прилики, во БиХ ситуацијата е сосема поинаква.

Иако Бакир Изетбеговиќ, лидер на Партијата за демократска акција, која на последните парламентарни избори освои најголем број гласови, од крајот на минатата година нема повеќе формална функција во власта, неговата сопруга Себија, може да се каже, и понатаму важи за „босанска Хилари Клинтон“.

Новинарите и го дадоа овој прекар кога е предложена за кандидатка за член на Претседателството на БиХ, бидејќи Изетбеговиќ не можеше да ја извршува оваа функција по два мандата. Но, таа ја одби кандидатурата.

Себија Изетбеговиќ е директорка на Клиничкиот центар при Универзитетот во Сараево. Таа е специјалист по гинекологија и редовна професорка на Медицинскиот факултет во Сараево.

Со политика се занимава долги години, но во рамки на здравствениот одбор на партијата на нејзиниот сопруг. За себе вели дека е „обична жена која многу работи“.

– Не можам да кажам дека ми се допаѓа изразот „прва дава“. Тоа се врзува со жени кои се многу богати, беспрекорно облечени, расположени, не се вработени и не мораат да стануваат во шест наутро. Ниту сум сакала, а уште помалку сонувам да бидам тоа, истакна таа.

Себија има две татковини. Родена е во Подгорица и „во душа е Подгоричанка“, а завршила училиште и пораснала во Сараево.

Романсата со Изетбеговиќ е крунисана со брак и трае веќе 35 години.

– Се имаме преживеано, од апсење на неговиот татко, силни политички турбуленции, смртни болести, раскажува Себија.

Нејзиниот покоен свекор е Алија Изетбеговиќ, првиот претседател на Претседателството на БиХ од прогласувањето независност во 1992 година и бошњачки лидер за време на крвавиот распад на Југославија, па се до 2000 година.

Косово

Под светлата на рефлекторите, независно од сопругот, повеќе години е и Анита Мучај Харадинај, новинарка во Радио телевизија Косово.

Таа е во брак со косовскиот премиер во оставка Рамуш Харадинај, кого наводно го запознала кога го интервјуирала како еден од лидерите на ОВК.

Госпоѓа Харадинај вели дека околу сите важни одлуки и воспитување на децата се договара со сопругот, но сепак најголемиот товар е на неа.

Финансиски се, речиси, рамноправни.

– Работам на телевизија, имам и приватен бизнис, па Рамуш и јас имаме речиси исти месечни заработувачки, изјави Анита.

Еден период била извршен директор на маркетиншка агенција.

Факултет завршила во Приштина, а мастер на њујоршкиот Рочестер институт.

С. Македонија

Брачната двојка со која, според социјалните мрежи, Харадинаеви се посетуваат се Зоран и Зорица Заев.

Љубовта меѓу премиерот на С. Македонија и неговата сопруга трае уште од средно училиште, а се познаваат од мали.

Зорица Заева е дипломирана економистка. Таа не се појавува често во јавност, освен на церемонијалните посети во странство.

Србија

Дипломатските посети на Тамара Вучиќ се дел и од работата и од „домашните“ обврски.

Не само што е мажена за претседателот на Србија и лидер на владејачката Српска напредна партија (СНС) Александар Вучиќ, туку и девет години е вработена во српското Министерство за надворешни работи.

Откако пред две години стана „прва дама“ повеќе пати се вклучувала во хуманитарни кампањи, како на пример „Секој момент е важен“ на УНИЦЕФ.

 

За сопругот и политиката не се изјаснува, но раскажува како на синот Вукан, тогаш петмесечно бебе, му играла, пеела и танцувала, како „патувачки циркус“.

Како дипломиран филолог завршила Дипломатска академија на МНР.

Хрватска – единствен „прв џентлмен“ на Западен Балкан

Самопожртвуваниот сопруг на хрватската претседателка Колинда Грабар-Китаровиќ, како што некои хрватски медиуми го опишуваат, Јаков Китаровиќ има богата биографија.

Тој дипломирал електротехника на Факултетот за електротехника и компјутери во Загреб. Освен тоа Китаровиќ завршил и наутика на Поморскиот факултет во Риека. Како кадет бил една година на брод, но никогаш не запловил.

Како момче се занимавал со спорт, а подоцна се одлучил за катедра – на Поморскиот факултет во Риека предавал неколку предмети во врска со бродската електроника и навигација.

Важи за талентиран предавач, еден од ретките Балканци кои биле подготвени да ја „замрзнат“ сопствената академска професија поради дипломатската кариера на сопругата.

Инаку, Јаков уште за време на студиите ја „заразил“ Колинда со политика. Бил член на младината на ХДЗ, каде тогашната девојка, а подоцна и сопруга Колинда му се приклучила.

Последната политичка изјава, „првиот џентлмен“ на Хрватска ја дал при гласањето за Европски парламент, што, според оценката на хрватските медиуми, била помалку невообичаена.

На прашањето поради што избирачите треба да излезат на избори, тој одговорил: „Затоа што сме дел од Европа и затоа што мора да покажеме дека сме вистински европски граѓани“.

Денес тој работи во приватна компанија, а медиумите пишуваа и дека има хонорарни бизниси во даночните раеви, што не е официјално потврдено.

Црна Гора

Титулата најдолговечен лидер на Балканот ја носи претседателот на Црна Гора, Мило Ѓукановиќ.

Брачниот стаж му е малку подолг од функционерската кариера. Тој и Лидија Ѓукановиќ, моминско Куч, во 2018 година прославија 30 години од брак, а толку години има и нивниот син Блажо.

Лидија и Мило уште во средно училиште ги споила љубовта кон кошарката.

Некогашната кошаркарка на „Будуќност“ во меѓувреме стана банкарка.

Работела во Прва банка, во која повеќе од 40 отсто од акциите ги има нејзиниот девер Ацо Ѓукановиќ.

Медиумите пренесуваат дека сака да носи модели на светски креатори, посебно за време на официјалните државнички посет