Во полициската станица Пале во Босна и Херцеговина вчераутро било пријавено дека пред семејната куќа во местото Доњи Чемановиќи на Пале лежи мртва П.Г. (69), по што било утврдено дека таа настрадала од пес.

Како што објави Дневни Аваз, извршен бил увид на местото на настанот од припадници на полицијата на Источно Сараево, во соработка со вешто лице и лекар.

Од увидот е констатирано дека несреќната П.Г. смртоносните повреди ги добила од касање од пес. На местото на несреќата не се пронајдени траги кои упатуваат на постоење на елементи на кривично дело.