Од денеска стапува во сила одлуката за прогласување вонредна состојба во Република Српска, која е воведена со цел да се спречи ширењето на новиот коронавирус.

Решението го донесе Парламентот на РС на 28 март, а во Службен весник е објавена и стапи во сила откако претставниците на Бошњаците се откажаа од ставање вето, односно поднесување барање за утврдување на виталниот национален интерес на конститутивниот народ.

Одлуката за воведување на вонредната состојба се однесува на целата територија на Република Српска.