По неколкунеделно неработење поради актуелната епидемија на коронавирусот, некои трговски и производствени објекти во Словенија повторно добија дозвола да почнат со работа.

Како што јави дописникот на МИА од Љубљана, во земјата повторно се отвораат продавниците за цвеќе и расадниците. Дополнително се дозволува и градежна работа, само доколку нема контакт меѓу градежниците и потрошувачите.

Инаку, синоќа словенечкиот Парламент го потврди Законот за поддршка и справување со последиците од епидемијата на коронавирусот „тежок” три милијарди евра.