Како резултат на новите терапии, вакцините и природниот имунитет, смртноста од Ковид-19 до следното лето ќе биде помала од сезонски грип, а дотогаш и економијата треба да се врати во полн капацитет, предвидува основачот на Мајкрософт, Бил Гејтс.
Американскиот милијардер тврди дека до средината на следната година Ковид-19 ќе предизвикува помалку смртни случаи и од обичен грип.
– Во средина на природниот имунитет, имунитетот стекнат со вакцините против коронавирус и благодарение на новите терапии, стапката на смртност треба драстично да се намали, вели Гејтс за „Блумберг“ и посочува дека очекува во летото 2022 година да има пресврт.
Гејст вели дека прашањето за набавка на вакцини ќе биде решено до средината на следната година. Исто така, фармацевтските компании „Мерк“ и „Фајзер“ имаат развиено пилула против коронавирус и смета дека сите овие работи ќе влијаат пациентите да добијат навремена терапија откако ќе се утврди присуство на коронавирус.
– Значи, со стекнувањето природен имунитет, имунитет добиен од вакцината и таблетите, можеме да го зголемиме бројот на антитела како што не можевме досега, а стапката на смртност ќе падне под нивото на смртност предизвикана од сезонски грип до летото следната година. Во тој момент, економската активност треба да се врати со полн капацитет, рече Гејтс.
Според последните податоци, повеќе од 5 милиони луѓе починале од коронавирусот, додека над 258 милиони луѓе се заразиле.