И очекувам буџетот да биде ориентиран кон нешта кои ги немаме денес. На пример, немаме вакцини кои ја блокираат трансмисијата. Имаме вакцини кои здравствено ви помагаат, но тие не ја редуцираат трансмисијата, односно тоа го прават малку. Ни требаат вацини кои тоа го прават поинаку.

Ова е дел од неодамнешна изјава на Бил Гејтс со која тој фактички признава дека постојните вакцини не ја вршат работата доволно добро. Иако тој зборува општо, јасно е дека поентата е на вакцините против САРС КОВ 2.

Тие навистина ја намалуваат смртноста од Ковид 19, но фактот што не спречуваат трансмисијата, создава можност за постојано мутирање на вирусот до степен кога вакцините нема да му можат ништо и тогаш ќе се соочиме со нов катастрофален бран против кој немаме никакво против оружје.