Најголемиот страв на американскиот милијардер Бил Гејтс е, како што тој вели, неговиот мозок да престане да функционира.

Гејтс тоа го изјавува во најавата за новиот документарец на Нетфликс во три дела – „Во мозокот на Бил: Декодирање на Бил Гејтс”, кој ќе почне да се прикажува на 20 септември.

Режисер и извршен продуцент на филмот е Дејвис Гугенхајм, а приказната се фокусира на тоа што се случува во главата на вториот најбогат човек во светот, која неговата сопруга Мелинда Гејтс нагалено ја нарекува – „мултипроцесор”.

Таа вели и дека Гејтс „цвета во сложени ситуации“.

– Тој прави рамка во својот ум, а потоа почнува да ги подредува податоците. Ако нешто не се вклопува, тоа навистина го фрустрира, ќе рече Мелинда Гејтс.