Американскиот богаташ Бил Гејтс вели дека не сака да звучи мрачно, но предупредува дека може да се создаде позаразна варијанта, пренесува Дејли мејл.

Гејтс изјави дека ризикот тоа да се случи е над 5 отсто и светот допрва би го видел најлошото од пандемијата. Но, ова не е прв пат тој да даде таква прогноза.

Во декември лани, тие што го следат на социјалните мрежи ги предупреди дека најлошото следи.

Бил Гејтс уште во 2015 година предупреди дека светот не е подготвен за нова пандемија.

– Не сакам да бидам глас на пропаста и мракот, но ризикот е далеку над 5 отсто дека ќе го видиме најлошото од оваа пандемија, вели Гејтс.

Но, наспроти стравот што го предизвикува Гејтс со неговите изјави, во последните недели бројот на заразени и смртни случаи опаѓа.