Американскиот милијардер Бил Гејтс ги опиша тензиите во глобалната економија како „алармантни”, оценувајќи дека тие би можеле да го загрозат економскиот раст и вработувањето.

Гејтс, во интервју за Си-ен-би-си ТВ 18, рече дека глобалната економија во моментов е „прилично добра”, но дека би можела да биде засегната со тарифите.

Голем број земји во светот се вовлечени во актуелниот трговски конфликт, за кој најмногу е заслужен претседателот на САД Доналд Трамп, објави Си-ен-би-си.

Коментарите на Гејтс доаѓаат откако многу водечки светски организации веќе предупредија за ефектите од трговската војна врз светската економија.

Така на пример ММФ минатиот месец рече дека доколку продолжат заканите на САДС кон своите партнери можат да јго погодат глобалниот раст за 0,5 проценти до 2020, или загуба од 430 милијарди долари од БДП.