Основачот на Мајкорсофт и мултимилијардер, Бил Гејтс и неговата сопруга Мелинда, објавија дека се разведуваат по 27 години брак.
По многу размислување и труд околу нашата врска, донесовме одлука да ги прекинеме нашиот брак, објавија двајцата во заедничка изјава на твитер.
Наведуваат дека за 27 години одгледале три деца и создале добротворен фонд кој работи ширум светот.
Ќе продолжиме да работиме со Фондот, но не веруваме дека можеме да продолжиме како пар, додале во изјавата.
Бил и Мелинда се венчааа во 1994 година на Хаваите.
Богатсвото на семејството се проценува на 130 милијарди долари.