Тој нема кров над глава, но сѐ што му е потребно се наоѓа во неговото комби. Пред неколку години, Брајан Ванденберг станал бездомник откако бил измамен од страна на богат бизнисмен.
Поради тоа, тој морал да продаде сѐ што поседува и да се пресели во своето комби кое му станало и дом и канцеларија.
“Долго време бев исполнет со бес и очај, но еден ден некој пројде покрај комбито и ми кажа дека имам супер работи во него”, изјавил Брајан.
Тогаш решил комбито да го претвори во свој дом. Вградил туш, садопер и замрзнувач и поставил соларна панела на кровот. Живеел во “дом на тркала”, а благодарение на парите кои ги заштедил од неплаќањето кирија, тој го пропатувал светот со своето комби.
Ванденберг, благодарение на ваквиот животен стил, посетил многу места ширум светот и веројатно живее подобро од голем број луѓе кои имаат вистински кров над глава.
Како изгледа неговиот живот во необичното комби, можете да погледнете тука.