Водителот на Би Би Се Џон Хармис се шокираше кога економистка од Универзитетот Кембриџ на интервју се појави гола.

Д-р Викторија Бејтмен кој често и предава гола, го изненади овој ветеран меѓу водителите која ја соблече јакната и ја продолжи дебатата за Брегзит без облека.

Водителот откако ја виде се збуни и почна да пелтечи.

„О, гледам дека се голи“, рече и им објасни на слушателите дека Бејтмен на телото има испишани зборови „Брегзит ќе ја остави Британија гола“.

Не е познато дали нејзиното соблекување било договорено пред интервјуто или таа навистина изненади со нејзиниот потег.

Хармис ја праша зошто има потреба да се соблече во разговор за Брегзит.

“Напишав илјадници зборови за тоа зошто Брегзит е лош за Велика Британија, но сакав сите тие зборови да ги соберам во една силна порака. Брегзит е новата облека на царот. Велика Британија продаде нешто што не може да го испорача. Целосно се чувствувам добро во своето тело. Луѓето брзо ги проценуваат жените врз основа на нивните тела “, објасни таа.