Сознанијата со кои јас располагам не ја менуваат претходната фактичка состојба дека Никола Младенов загина во сообраќајна несреќа поради неприлагодена брзина со условите на патот, изјави Билјана Младенова, сопругата на загинатиот новинар, во синоќешното гостување на 1 ТВ.

Таа рече дека нема нови моменти за истрагата за сообраќајната несреќа во која загина Младенов, иако владата на Зоран Заев во програмата од 2017 година ветила дека институциите ќе помогнат за неколку судски процеси да се дознае вистината. Но, како што рече Младенова, овие две години не е спомнат случајот со нејзиниот сопруг, кој загина во сообраќајна несреќа кај Скопје, пред шест години.

Младенова во синоќешното гостување на 1 ТВ првпат проговори јавно за смртта на сопругот.

– Да бидам децидна. Причината за трагичната сообраќајна несреќа е брзината. Апсолутно немам сомнеж дека стои нешто покрупно, рече Младенова.

Смртта на новинарот и сопственик на списанието Фокус, Младенов, за жал, како и смртта на малешката Тамара, смртта на загинатите кај Смилковско Езеро, како и смртта на Мартин Нешковски, беа некрофилски користени од актуелната владејачка гарнитура додека беше во опозиција, за да се обвини „режимот на Груевски“.

Има ли некој нормален што сеуште му верува на Заев?!

Како Заев ја манипулираше јавноста злоупотребуваќи ја трагедијата во која загина Никола Младенов!

Gepostet von Чао Заев am Samstag, 16. März 2019