Девојче во Центар и двајца мажи во Ѓорче Петров и во Арачиново пријавиле во полиција дека биле искасани од улични кучиња.
Во Полициската станица Центар вчера во 20:45 часот М.Ќ.(18) од Скопје, пријавила дека на бул.“Кузман Јосифоски Питу“ била касната од куче скитник.
На 26.08.2020 во 19:15 часот во Полициската станица Ѓорче Петров Р.С.(56) од Скопје пријавил дека на ул.“Лука Геров“ бил каснат од куче скитник.
На 24.06.2020 во 14,30 часот во Полициското одделение Арачиново, Д.М.(59) од с.Орланци, пријавил дека на излез од с.Арачиново бил каснат од куче скитник.
На оштетените граѓани, доколку покренат судска постапка, им следува обесштетување од Градот Скопје, односно општината во која биле нападнати, а на надлежните институции и граѓанските асоцијации за грижа на животни останува да преземат соодветни мерки за решавање на овој проблем.