На барањата од граѓаните да биде вратена дневната евтина струја од 14 до 16 часот, како што беше порано, одговори претседателот на Регулаторната комисија за енергетика, Марко Бислимовски.

-Можно е враќање на дневната евтина струја, но за тоа ќе треба да почекаме да заврши оваа грејна сезона, вели Бислимоски.

Тој, како што објави порталот Скопје инфо, не ја исклучува таа можност.

-Прво да видиме како ќе заврши оваа грејна сезона, да го видиме производството на ЕСМ, да видиме како оди набавката на електричната енергија, па понатаму ќе размислуваме за сите можни опции кои ги имаме, рекол Бислимовски.