Регулаторна комисија донесе одлука да поскапи водата во Скопје откако одговори согласно на барањето на скопското ЈП Водовод и канализација за евентуалното зголемување на цената на водата.
Ова денеска го истакна претседателот на РКЕ, Марко Бислимоски.
Тој изјави дека поскапувањето од седум денари, според него, не треба да претставува огромен трошок.
– Барањето за поскапување на водата е поднесено од ЈП Водовод и канализација – Скопје во текот на ноември минатата година и ние не сакаме да се натегаме дали поднеле или не поднеле барање. Фактите се јасни – ние донесовме одлука согласно нивното барање. Тие бараа минималната цена да биде околу 30, а максималната 57 денари. Ние не се криеме зад нашата одлука која ја донесовме, бидејќи е во рамки на нормала и зголемување од седум денари не е никаков месечен трошок. Затоа нема потреба од популизам, рече Бислимоски.
Според него тие како институција не гледале кој од каде е.
Поддржавме јавните комунални претпријатија да имаат субвенционирана цена на електричната енергија и таа цена ја имаат, изјави Бислимоски.