Регулаторната комисија за енергетика се придржува кон обврската за штедење на струја, рече денеска на прес конференција претседателот на РКЕ, Марко Бислимовски.

Тој пред новинарите објасни дека се штеди и на осветлување и на климатизација а рече дека не го користел ниту лифтот.

-Јас се качував по скали, а не со лифт. Имам и проблеми се тежината, сакам да намалам, па користам скали, рече Бислимовски.

Како што објавивме, од денеска Македонија е во кризна енергетска состојба и стапуваат во сила владините мерки за штедење на струјата.