Не може со еден закон да се адресираат сите 1.260 функционери, потребни се седум законски измени, рече вицепремиерот за економски прашања, Фатмир Битиќи, прашан дали ставката за платите на функционерите е опфатена со буџетот.
– Измената во еден закон значи дерогирање одредени права од друг закон, што е противуставно. Работната група го разгледува тоа и набргу ќе има предлог за пред Владата, а потоа да биде проследен и до Собранието, рече тој.
Како што додаде, со буџетот сега се планираат одредени скратувања на обврските за зголемување на платите.
– Тоа што беше најавено помпезно дека ќе има зголемување, нема да се случи. Беше најавено дека заради методологијата сите функционери ќе добијат повисоки плати, но тоа нема да се случи в година и го нема, рече Битиќи.