Две поларни мечки биле снимени како се борат за парче пластика кое го пронашле на речен брег во оддалечен предел на Алјаска.
Младенчињата биле забележани како се плеткаат околу ѓубрето, во кое имало пластична амбалажа полна со тиња и друг фрлен пластичен отпад.
На една од фотографиите се прикажани мечките како го тегнат ѓубрето, додека на другата една од мечките ја става муцката во пластична боца.
Фотографот Дани Саливан од Лос Анџелес, кој ја сними срцепарателната сцена, вели дека вознемирувачките фотографии го покажуваат ефектот што го има загадувањето од пластика врз животинскиот свет, па дури и во оддалечените делови на Алјаска.
Саливан вели дека во таа ситуација не се осмелил да го отстрани ѓубрето затоа што проценил дека така може да го доведе својот живот во опасност.