Во Индија наскоро се очекува да биде пуштено во продажба ново средство за контрацепција за мажи. Не се работи за кондом, апче, крема за контрацепција, ниту, пак, за васектомија.

Станува збор за првата контрацептивна инјекција за мажи – „Рисуг“ (скратено од „reversible inhibition of sperm under guidance“ – контрола на повратно мирување на спермата). Средството е за еднократна употреба и дејството трае 13 години.

Станува збор за вискозен гел, што ја деактивира спермата. Пронајдокот е на Суџој Ѓуха, 78-годишен биомедицински инженер од индиската област Делхи.

Сепак, инјекцијата сè уште не е тестирана врз луѓе. Затоа, сè уште не се знае со сигурност дали процесот на контрацепција е навистина повратен (реверзиблен).

– Контрацептивниот ефект од препаратот треба да биде пошироко испитан, и тоа да биде поврзано со неговата повратност. Во овој миг тоа изгледа повеќе на обид за стерилизација, а не на контрацептив, нагласи Маккл Скинер, репродуктивен биолог при Државниот универзитет на Вашингтон.

Д-р Ѓуха се согласува со тие наводи. Засега ова средство ќе се предлага како алтернатива на васектомијата, меѓу другото, и поради избегнување на оперативниот зафат и траумите од тоа.

Во САД, слично вакво средство е во фаза на претклинички испитувања. Во шест европски држави исто така има слични истражувања.

Д-р Ѓуха работи и на инјекција којашто работи на сличен принцип, но наменета за жени.