Советот за безбедност на Република Македонија утре со почеток во 11 часот во претседателската „Вила Водно“ ќе одржи седница за актуелната ситуација со пандемијата на Ковид-19.
На седницата, како што соопшти кабинетот на претседателот, покрај редовните членови на Советот, на покана на претседателот Стево Пендаровски ќе присуствува министерот за здравство Венко Филипче.
На деветтата седница на Советот за безбедност ќе се разговара за актуелната ситуација со пандемијата на Ковид-19 на територијата на Република Македонија и мерките и активностите на надлежните институции.