Коалицијата предводена од Саудиска Арабија во Јемен во изминатите две години се фали дека со своите воени победи ја протерале Ал Каеда од свои упоришта, но истрага на американската агенција АП укажува дека многу воени победи се постигнати без испукан куршум, со тајни договори, пренесува Ал Џезира..
Коалициските сили кои се поддржани од САД всушност, според истрагата на медиумот, постигнале тајни договори со борци од Ал Каеда со плаќање на поединци да напуштат градови од клучна важност, додека на други им дозволиле повлекување, не одземајќи им го ниту оружјето, ниту опремата.
Според агенцијата, стотици припадници на Ал Каеда се регрутирани во редовите на коалициските сили. Како што пренесе Танјуг, борци на Ал Каеда, користејќи договори и компромиси со коалициски сили успеале да продолжат да се борат, но тоа предизвикало ризици да се засили една од најопасните терористички групи во светот. САД биле известени за тајните догорои, но не одобриле напади со дронови.