Олатц Билбао Гонзалес е родена во 1998 година, бивша мис на Марбеља, повредена е синоќа околу 2,30 часот по полноќ во експлозија во Земун, а според неофицијалните информации на белградските медиуми, бомбата, која била подметната под автомобил „ауди“ не била наменета за девојката.

Возачот на аудито бил Страхиња Стојановиќ (28) кој, инаку, се појавил како сведок за убиството на братот на Лука Бојовиќ, Никола.

Аудито му припаѓало на соработник на кланот на браќата Шарановиќ кој бил сведок на судењето за убиството на Бојовиќ, а татко му е ликвидиран.

Експлозијата била мошне силна, но возачот на автомобилот, непосредно пред тоа излегол од возилото.

Девојката е превезена во најблиската болница со обилно крварење, тешки повреди и скршеници на потколеницата.