Шеснаесет работници од спасувачката служба морале да реагираат по инцидентот предизвикан од човек кој уринирал од Берлинскиот мост врз туристички брод кој поминувал долу.

Според противпожарната служба од Берлин, во петокот вечерта се случил бизарниот инцидент, а кога луѓето на бродот сфатиле дека човек уринира врз нив од нискиот мост Јановиц, настанала вистинска паника.

Неколку луѓе скокнале и си ги удриле главите од мостот кога бродот поминувал под четириметарскиот мост над реката Шпреје. Четири патници биле пренесени со амбулантно возило во болница поради повреди на главата.

Не е јасно што се случило со човекот кој го предизвикал инцидентот.