Томас Кук, најстарата туристичка компанија во светот, потврди дека добила предлог од својот најголем акционер, кинеската Фосун Туризам (Fosun Tourism), за стекнување на туристичкиот бизнис.

По информацијата, вредноста на акциите на британскиот оператор се зголемија за 20 отсто.

Фосун Туризам веќе е присутен на европскиот пазар преку сопственоста над бизнис групата Клуб Мед (Club Med) што се занимава со органзирање туристички патувања.

Британската компанија веќе размислува за продажба на воздухопловна флота, како и предлог за нејзината активност во скандинавските земји. Ова се случува по серијата предупредувања од раководството за проблеми со приходите и профитот, и потребата да се најдат средства за покривање на долговите. Засега од Томас Кук велат дека не е сигурно дека предлогот на Кинезите ќе значи и формална понуда.

Компанијата е на раб на целосно фрагментација на својот бизнис. Причините се намалувањето на побарувачката за нејзините пакети за одмор и големите долгови.