Сопствениците на земјиштата во селото Блаце што треба да бидат експроприрани не се согласуваат со цените што им ги понуди државата.

Тие протестираа и рекоа дека нема да ја продадат својата земја за 200 денари за метар квадратен. Според нив, Валдет Џафери, директорот на Бирото за правно вештачење и вицепремиерот Бујар Османи на последната средба, им ветиле дека цената на земјиштето ќе биде од 10 до 50 евра за метар квадратен, објави ТВ21.

Жителите рекоа дека со цените кои сега им биле понудени од 4,5 до 8 евра биле понижени и исмејувани.

Инаку, тие рекоа дека не се против изградбата на автопатот Скопје – Блаце, но нема да им го дадат земјиште по цена под 10 евра.

Сопствениците предупредија дека ќе го блокираат патот ако не најдат заеднички јазик со надлежните институции.