Германија и понуди на Чешка уште 15 тенкови Леопард 2А4 како подарок како благодарност за воената помош на Чешка за Украина, како и поволна набавка на уште 15 тенкови, изјави денеска чешкиот премиер Петр Фијала.
Вкупно, Чешка, со 15-те тенкови донирани минатата година, на својата армија би и обезбедила 42 тенкови Леопард, заедно со други надоместоци што ги добила од сојузниците во износ од 760 милиони евра за 62 тенкови, 131 пешадиско борбена возило, шест хеликоптери и 16 системи за противвоздушна одбрана. Се работи главно за старо постсоветско оружје што владата во Прага и го испрати на Украина од почетокот на војната.
– Чешка одобри дозволи за комерцијален извоз на оружје, воена опрема и муниција во Украина во вредност од 5,2 милијарди евра, изјави чешкиот премиер на прес-конференција по владина седница.
Во Чешка моментално има 384.000 воени бегалци од Украина, а од почетокот на војната, Чешка одобрила 590.000 привремени азили за Украинци, додека три четвртини од бегалците кои се способни за работа нашле вработување, и придонесите и даноците кои и ги плаќаат на државата се повисоки од хуманитарната помош што им ја дава чешката држава на украинските бегалци.
Чешката Влада денеска одлучи на неодредено време да ја продолжи забраната за издавање визи за граѓаните на Русија и Белорусија, која важеше до 31 март.
– Меѓутоа, мораме да создадеме услови за претставниците на опозицијата или студентите од Русија и Белорусија кои не сакаат да имаат никаква врска со режимот во нивните земји, да можат да студираат и работат во Чешка. Има голем број на исклучоци од забраната“ рече чешкиот премиер.
Оваа забрана не важи за Русите и Белорусите кои веќе имаат одобрен престој во Чешка или за членовите на нивните семејства.
Фото: МИА архива