Полскиот министер за одбрана Мариуш Блашчак синоќа изјави дека неговата земја ќе го прифати ракетниот одбранбен систем Патриот.
Германија минатиот месец понуди да се распореди Патриот во Полска откако залутан проектил падна на полска територија, при што загинаа две лица.
Лидерот на владејачката Партија на правото и правдата (ПиС), Јарослав Качински изјави дека ракетниот одбранбен систем Патриот треба да биде распореден во Украина.
Германија соопшти дека системот Патриот, што и е понуден на Полска е дел од интегрираниот систем за воздушна одбрана на НАТО и може да биде распореден само на територијата на земја-членка на Алијансата.