Американскиот државен секретар Ентони Блинкен денеска ги осуди кинеските воени вежби во близина на Тајван, оценувајќи ги како провокација и значителна ескалација на тензиите.
– Овие провокации претставуваат значителна ескалација. Можете да видите како Пекинг неодамна се обиде да го промени статус квото околу Тајван. Сега спроведува опасни акции на ново ниво, посочи Блинкен во Пном Пен, каде што присуствува на Самитот на Асоцијацијата на нациите од Југоисточна Азија (АСЕАН).
Тој истакна дека не постои никаков изговор Пекинг да почне воена вежба во Тајванскиот Теснец.
– Нема оправдување за овој екстремен воен одговор, штој е непропорционален и поттикнува ескалација, наведе Блинкен.
Кина вчера почна големи воени вежби со авијација, морнарица и балистички ракети во шест поморски сектори околу Тајван, како одговор на овонеделната посета на Островот на претседателката на Претставничкиот дом на САД, Ненси Пелоси.