Американскиот државен секретар Ентони Блинкен заминува на својот, можеби последен состанок на НАТО во Брисел каде денеска и утре – во фокусот на состаноците на министрите за надворешни работи е зајакнувањето на сојузничката поддршка за Украина пред враќањето на Доналд Трамп во Белата куќа во јануари.
Блинкен ќе разговара за трансатлантските безбедносни приоритети, вклучително и поддршка на борбата на Украина против руската инвазија, продлабочување на соработката со јужните партнери на НАТО на Блискиот Исток, Северна Африка и подготовка за претстојниот самит во Хаг. Претседателот во заминување Џозеф Бајден нема да биде на функцијата кога лидерите на НАТО ќе се соберат на нивниот следен самит во јуни, но тој ги засили испораките на оружје за Украина во последните месеци и исто така ги олесни ограничувањата за тоа како Киев може да го користи оружјето.
Блинкен од Брисел ќе отпатува за Малта, каде в четврток ќе присуствува на состанокот на министрите за надворешни работи на Организацијата за безбедност и соработка во Европа.
фото: Архива