САД исто така ја поздравуваат препораката на Европската комисија за отварање претпристапни преговори со Босна и Херцеговина.

САД го поздравуваат долготрајното лидерство на Австрија во Западен Балкан и не сакаат повторување на историјата од 1990-те години, изјави денеска државниот секретар Ентони Блинкен пред средбата со австрискиот министер за надворешни работи Александар Шаленберг во Виена.

-Благодарејќи на ангажманот и лидерството на Австрија Западен Балкан се движи во позитивен правец и вистински се интегрира во Европа. Ја споделуваме целта за демократски, просперитетен, мирен регион интегриран со остатокот од Европа.

САД исто така ја поздравуваат препораката на Европската комисија за отварање претпристапни преговори со Босна и Херцеговина и даваат подршка за евроатлантскиот пат на земјата.

-Ги охрабруваме лидерите на Босна и Херцеговина да ги надминат разликите, да продолжат со реформите потребни за чекорење на патот кон еу, изјавил Блинкен.