Администрацијата во Вашингтон се надева со „активен ангажман“ за можна размена на затвореници да ги врати дома до Божиќните празници заробените Американци во Русија, Бритни Грејнер и Пол Вилан, укажа денеска државниот секретар Ентони Блинкен.
Во интервју за Си-би-ес тој кажа дека се уште не се знае дали Русите имаат сериозни намери за тоа во преговорите што се водат уште од јули.
-Треба да видиме дали ангажманите и дискусиите што ги имавме, продуцираа некаков актуелен резултат… Активно се ангажираме во текот на многу месеци да се обидиме да ги тргнеме работите од местo, рече тој.
Блинкен одговори подтврдно дека намерата е двајцата Американци да се вратат дома за Божиќните и новогодишните празници.
Според она што беше објавено во јули, целта на „издржаниот предлог“ за Русија е обезбедување слобода за Грејнер, кошаркарка во женската Национална кошаркарска асоцијација (ВНБА) и за Вилан, пензиониран маринец, а во замена за ослободување на Виктор Бут, руски трговец со оружје, познат и како „трговец со смртта“, кој служи 25 годишна затворска казна во САД за заговор да продаде оружје на лица кои имале намера да убиваат Американци.
Грејнер беше задржана во февруари во московски аеродром откако во багажот ѝ било пронајдено масло од канабис, што е нелегално во Русија. Вилан беше задржан во 2018 година под изговор за шпионажа.