Вашингтон е сериознo загрижен дека резултатите од изборите во Венецуела со кои претседателот Николас Мадуро е прогласен за победник не се точни, изјави денеска американскиот државен секретар Антони Блинкен.
– Сериозно сме загрижени дека објавениот резултат не ја одразува волјата или гласањето на венецуелскиот народ, рече Блинкен кој е во посета на Јапонија.
Изборниот совет го прогласи денеска Николас Мадуро за победник на претседателските избори во Венецуела со 51,2 отсто од гласовите и со тоа доби нов шестгодишен мандат.
Елвис Аморосо, претседател на Изборниот совет, лојален на владата, изјави дека 44,2 отсто од гласовите му припаднале на опозицискиот кандидат Едмундо Гонзалес Урутија, кој водеше во предизборните и во излезните анкети.