Американскиот државен секретар Ентони Блинкен изјави дека е уверен оти Москва ќе се обиде да ја собори украинската Влада.
– Не треба да сте особено интелигентни за да ви биде јасно дека тоа е она што го сака претседателот Путин. Тој јасно стави до знаење дека сака да го обнови Советското царство, рече Блинкен.
– Сега, кога станува збор за закана надвор од границите на Украина, нешто многу моќно му стои на патот. Тоа е членот пет на НАТО, нападот врз еден е напад врз сите, рече тој.
– Русија планира да го опколи Киев. Сите докази сугерираат дека Русија планира да го опколи Киев и оти Москва има планови за сериозни прекршувања на човековите права, заклучи Блинкен.